Уште една незаборавна ноќ во Лигата на шампионите

Хет-трик на Роналдо, Јувентус го помина Атлетико Мадрид! (ВИДЕО)

Нов блесок на Роналдо во Лигата на шампионите, Португалецот ја покажа својата големина, со хет-трик му донесе победа на Јувентус од 3-0 над Атлетико Мадрид и пласман во четвртфиналето.

Јувентус имаше тешка мисија по негативата од два нула од Мадрид, но Јувентус го има и Кристијано Роналдо кој вечерва беше исклучително мотивиран.
 
Атлетико Мадрид во Торино пристигна со водство од 2-0, но си заминува со наведната глава. Јувентус напаѓаше, бараше погодоци, дојде до нив и заслужено оди во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
 
Резултатот беше отворен во 27. минута кога по аситенција на Бернардески, Кристијано Роналдо даде гол со глава за водство на Јувентус од 1-0.
 
По само три минути игра во второто полувреме нов гол на Роналдо. Португалецот повторно шутираше со глава, топката не ја затресе мрежата, но ја мина гол линијата за предност на Јуве од 2-0. Во тие моменти негативата на Атлетико Мадрид беше анулирана.
 
Во финишот од натпреварот Кореа направи непотребен фаул за пенал врз Бернардески, судијата покажа на белата точка, а Роналдо не му прости на Атлетико Мадрид. Негов хет-трик за победа на Јувентус од 3-0.
 
Во вториот натпревар вечерва, Манчестер Сити со 7-0 буквално го прегази Шалке кој го победи уште во Гелзенкирхен. Агуеро даде два гола, по еднаш погодија Сане, Стерлинг, Бернардо Силва, Фоден и Габриел Жесус.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе