Ермис поведе уште во 19. минута од мечот, но потоа на сцена стапи Тричковски, за само шест минути иод 23 до 29. минута со два гола направи комплетен пресврт, а победата ја запечати пред крајот на првиот дел од пенал за негов хет-трик.
Неговиот втор гол беше и голем јубилеј за него, вкупно 100 погодок во кипарското првенство. Од тие 100, осум гола се за Енозис, 17 гола се за АПОЕЛ, а дури 75 за АЕК.
Покрај Тричковски денеска за АЕК Ларнака цел меч одигра и Даниел Мојсов, а Спировски во игра влезе во 67. минута од мечот.