Одлично издание на македонските фудбалери

Херојска игра на Македонија за голем бод против силната Италија! (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација одигра одличен натпревар против Италија во Торино, со гол на Александар Трајковски дојдовме до реми против четирикратниот светски шампион.

Македонија го одигра еден од своите најдобри натпревари во квалификациите досега и со голем бод се враќа од тешкото гостување кај Италија.
 
Италија беше голем фаворит во овој меч, но Македонија во голем дел од натпреварот беше подобар противник. Избраниците на Игор Ангеловски импресионираа особено во второто полувреме од мечот.
 
Италија имаше доминација во првото полувреме, но резултатот успеа да го отвори дури во 40. минута кога по една школска акција, Имобиле асистираше до Киелини кој постигна гол за водство од 1-0.
 
Македонија во вториот дел тргна многу поофанзивно, а Италија пробуваше да го брани резултатот. Речиси постојано се играше на половината на домаќинот.
 
Нашата репрезентација правеше убави акции и создаваше шанси. По неколку полу прилики, во 77. минута Пандев асистира до Трајковски кој со силен шут го матираше Буфон за израмнување на 1-1.
 
До крајот на мечот Македонија не и дозволи на Италија да создаде ниту една шанса за победа. Сосема заслужено реми за нашите фудбалери кои ги заслужуваат сите честитки.
 
Во послендо време Македонија игра во одлична форма и покажува дека пред неа е светла иднина.
 
Во понеделник е следниот и последен предизвик за македонската репрезентација во квалификациите, во Струмица ја пречекуваме селекцијата на Лихтенштајн.
 

Пораката на амбасадорот Бејли среде Скопје, јас не ја сфатив како шлаканица врз ДИК и нивните неодговорни членови (за наша несреќа едногласни во мислите и менталната матрица)!

повеќе

Дипломатијата е уметност невозможното да го направите возможно (Ш.-М. Талеиран).

повеќе

Односите меѓу Грција и Македонија се на клучна точка, вели Катимерини и со ѕвездички дообјаснува дека употребата на терминот „Македонија“ е на авторот и дека не го одразува ставот на весникот. Сепак се чини ова е првпат грчкиот весник да нè напише со уставното име.

повеќе