Бундеслига

Хаверц со два гола го предводеше Баер до три бода и си ја зголеми цената за неколку милиони (ВИДЕО)

Баер Леверкузен предводен од Каи Хаверц триумфираше на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах со 1-3, Борусија Дортмунд немаше многу мака против Волфзбург, славеше со 0-2 и прокнижи нови три бода.

Фудбалот во најголемиот дел од Европа мирува, па сите очи се вперени кон Германија, каде се игра второто коло од ре-стартот на сезоната. Младите фудбалери кои се мета на многу гиганти успеаја да покажат зошто се барани.

Каи Хаверц, кој е желба на Ливерпул, Манчестер јунајтед, Манчестер Сити, Тотнем, Челси, Барса и ПСЖ, беше брилијантен против Борусија Менхенгладбах и со два гола го предводеше Баер Леверкузен до триумф од 1-3.

На мечот помеѓу Волфзбург и Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо испиша историја и стана првиот играч на „милионерите“ кој забележал 16 асистенции во Бундеслигата (од сезоната 2004/05 кога Опта води ваква стастика). Англичанецот исто така е следен од Ливерпул, Манчестер јунајтед и останатите погореспоменати клубови.

Покрај Санчо, на теренот блескаше и Ашраф Хакими со продори по десната страна и гол во победата од 0-2. Десниот бек е во сопственост на Реал Мадрид, но има многу клубови кои се подготвени да тргнат во офанзива доколку за него нема место на Бернабеу.

На останатите натпревари од 15:30 часот, Падербон и Хофенхајм одиграа 1-1, а Вердер Бремен освои три големи бода на гостувањето кај Фрајбург со триумф од 0-1.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе