Германецот вети поддршка за клубот

Хаверц ги освои симпатиите на навивачите на Челси: Ако треба, јас ќе платам!

Напаѓачот на Челси, Каи Хаверц вели дека е подготвен од сопствен џеб да плати за „сините" да патуваат на гостувањата откако на клубот му беа воведени ограничувања.

Челси не може нормално да функцинира откако властите го сакнционираа Роман Абрамович и му го замрзнаа имотот поради блиските односи со Владимир Путин и војната во Украина. 

Проблематични се гостувањата, особено што „сините“ утре имаат меч во Франција против Лил, за потоа во сабота да патуваат кај Мидлзбро.

Тренерот Томас Тухел рече дека има голема разлика дали ќе патуваат со авион или автобус, па новинарите го запрашаа Каи Хаверц што мисли за ситуацијата. 

„Мислам дека има многу потешки моменти, потешки работи во светот отколку тоа дали ќе патуваме со автобус или авион“ - рече Германецот. 

„Еве, ако треба, јас ќе платам, не е проблем!“ 

Во меѓувреме, медиумите шпекулираа дека утрешниот меч против Лил може да не се одигра поради санкциите на ЕУ кон Роман Абрамович, но од УЕФА порачаа дека натпреварот ќе се игра според планот.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе