Со нетрпение го чека стартот на новата авантура

Хауге: Милан е еден од најголемите клубови во светот, има седум титули во Лигата на шампиони

Јенс Петер Хауге е нов фудбалер на Милан, Норвежанецот денеска го комплетираше трансферот на Сан Сиро и стави потпис на петгодишен договор.

Стефано Пиоли доби засилување за офанзивата, „росонерите“ го купија Јенс Петер Хауге. Младиот Норвежанец постигна прекрасен гол и забележа асистенција на Сан Сиро пред седум дена, па тоа беше доволна препорака за Милан да ги забрза преговорите со Бодо/Глимт и за кратко време падна договор за трансфер од 5 милиони евра.

„Милан е еден од најголемите клубови во светот, има седум титули во Лигата на шампиони. Се работи за тим кој е креиран за победи и кој сака да освојува титули. Па ми одговара. Чувствувам дека ќе бидам дел од група во која ќе можам да додам допринос, група слична како онаа во Бодо/Глимт, па со нетрпение ја чекам новата авантура“ - вели 20 годишниот Јенс Петер Хауге.

„Секако дека сум тажен што си одам сега, на сред сезона, но сите страни - јас, Бодо/Глимт и Милан - сме задоволни од зделката и ова е најдобрата одлука“.

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе