Англискиот судија призна грешка од минатото

Хауард Веб: Досудив погрешно па се молев Роналдо да го промаши пеналот

Славниот англиски судија, Хауард Веб призна една своја погрешна одлука за која бил свесен неколку секунди откако ја донел. 

Се работи за пенал на меч меѓу Манчестер јунајтед и Тотнем во 2009 година. Во финишот од сезоната, тогаш за титулата во Премиерлигата Јунајтед се бореше со Ливерпул.
 
По првото полувреме Тотнем имаше водство од 2-0 со голови на Бент и Модриќ. По десетина минути игра во вториот дел, Веб покажа на белата точка по прекршок од голманот Гомез врз Карик.
 
Го видов Карик како прв дојде до топката и потоа голманот го допре него. Беше лесно да се свирне пенал. Го очекував вообичаениот протест од фудбалерите, но не очекував таква зачуденост од Гомез. За неколку секунди сфатив дека погрешив. Не ја променив одлуката. Не знаев каде згрешив, но знаев дека нешто е погрешно. Се молев Роналдо да го промаши пеналот“, открива Веб.
 
Роналдо го даде пеналот, Манчестер јунајтед намали на 2-1, а потоа даде уште четири гола за победа од 5-2.  

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе