Останува да се види дали ќе има и други заразени

Хаос на мечот помеѓу Турција и Хрватска, Вида бил позитивен на коронавирус а играл 45 минути

Хаос на пријателскиот натпревар помеѓу Турција и Хрватска, Домагој Вида бил заменет на полувремето откако „коцкестите" дознале дека дефанзивецот е заразен со ковид-19.

Клубовите беа против паузата за репрезентативни настапи, не им се допадна и тоа што одредени селекции ќе играат пријателски натпревари покрај оние од баражот за Европско првенство и дуелите од Лигата на нации.

Дека стравот е оправда покажа пресметката помеѓу Турција и Хрватска, дефанзивецот Домагој Вида бил позитивен на коронавирус а играл 45 минути.

Како што пренесуваат од Фудбалската федерација на Хрватска, на првите тестови сите биле негативни, но во средата наутро биле направени нови тестови. Резултатите пристигнале нешто по полноќ и покажале дека Домагој Вида е заразен со ковид-19.

Од ФФХ појаснуваат дека на полувремето пристигнала информација дека тестот на Домагој Вида може да биде позитивен, па дефанзивецот веднаш бил изваден од игра и испратен во изолација.

Сега останува да се види дали други фудбалери од репрезентацијата на Турција и Хрватска ќе бидат позитивни со оглед на блискиот контакт со Домагој Вида.

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе