Мечот траеше само девет минути

Хаос на мечот меѓу Химназија и Бока, истрели, солзавец, војна меѓу полицијата и навивачи (ВИДЕО)

Натпреварот во Аргентина меѓу Химназија и Бока јуниорс траеше само девет минути кога судијата одлучи да го прекине и да ги испрати фудбалерите во соблекувалната од каде не се вратија.

Причината поради која беше прекинат мечот е солзавецот пуштен од полицијата пред стадионот кој се прелеа и на теренот, фудбалерите не беа во состојба да играат.

Пред стадионот се случуваа големи нереди, имаше вистинска војна меѓу полицијата и навивачи, во која има и повредени и жртви.

Полицијата употребила прекумерна сила, покрај тоа што користела солзавец, пукала со гумени куршуми. За тоа личен сведок е камерман на најпознатата аргентинска спортска телевизија „Тук Спортс“.

Камерманот бил погоден со три гумени куршуми и тврди дека полицијата намерно пукала во него.

Аргентинските медиуми известуваат дека едно дете го загубило видот од солзавецот, а маж од 57 години починал за време на хаосот.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе