Ќе го преземе кормилото по крајот на ЕВРО 2020

Ханси Флик е нов селектор на Германија

Ханси Флик потпиша договор со Германската фудбалска федерација, тој ќе биде селектор на Германија најамлку до 2024 година кога му истекува договорот. 

Јоаким Лев ќе ја води Германија на Европското првенство, а потоа на кормилото на „панцерите“ ќе седне Ханси Флик, од денеска тоа е и официјално.
 
„Ханси Флик ќе го преземе кормилото на германскиот национален тим. 56-годишниот стратег потпиша договор до 2024 година, што вклучува и ЕВРО 2024 што ќе се одржи во Германија“, стои во соопштението на фудбалската федерација.
 
Флик му беше асистент на Лев од 2006 до 2014 година, заедно го освоија Светското првенство во Бразил по што тој почна соло кариера. Беше директор спортски директор во Хофенхајм, па нивни тренер, а потоа се префрли во Баерн Минхен со кој во една сезона ги освои сите можни титули.
 
„Се се случи многу брзо, особено потпишувањето на договорот, но среќен сум што ќе бидам селектор на Германија“, изјави Флик.
 
Германската репрезентација е провивник на Македонија во квалификациите за Светското првенство. На нивни терен ги победивме, па по одмазда во Скопје ќе дојдат предводени од Флик.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе