Формула 1

Хамилтон во драматична трка го победи Ферстапен на стартот во новата сезона од Формула 1

Луис Хамилтон победи на трката за големата награда на Бахреин откако во интересене финиш прв ја мина целта пред Макс Ферстапен. 

Хамилтон и Ферстапен водеа голема битка во Бахреин која на крајот му припадна на Британецот.
 
Ферстапен ја почна трката од пол-позицијата, но Хамилтон со подобро менување во боксот успеа да излезе пред него.
 
Возачот на Ред Бул благодарение на добрата тимска стратегија ја намалувае предноста и во последните кругови се случуваше вистинска драма.
 
На два круга пред крајот Ферстапен успеа да го помине Хамилтон, но бидејќи тоа го направи излегувајќи надвор од патеката, доби тимска наредба да го пропушти Британецот за да не добие казна од пет секунди.
 
Хамилтон се врати на првата позиција и до крајот не дозволи да биде повторно претркан.
 
Валтери Ботас го освои третото место, четврт беше Ландо Норис, а Перес кој поради проблем со болидот стартуваше од последната позиција на крајот стигна до петтото место.
 
Бодови освоија уште Леклер од Ферари, Рикардо од Мекларен, Саинц од Ферари, Цунода од Алфа Таури и Строл од Астон Мартин.
 
Мик Шумахер на своето деби во Формула 1 го освои последното 16. место, повратникот Фернандо Алонсо не ја заврши трката поради проблем со сопирачките.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе