По крајот на синоќешните квалификации, Луис Хамилтон беше повикан да се појави кај стјуардите откако техничкиот делегат најде нерегуларности на ДРС системот на неговиот Мерцедес.
Пред стјуардите беше повикан и Макс Верстапен откако Холанѓанецот направи инспекција на болидот на Луис Хамилтон и го допираше задното крило и ДРС системот.
Одлуките беа донесени дури вечерва на неколку часа пред почетокот на спринт трката.
Стјуардите решија да го дисквалификуваат Луис Хамилтон од квалификациите, па Британецот спринт трката ќе ја започне од последното место.
Макс Верстапен пак помина само со парична казна, ќе треба да плати 50.000 евра. Тој не само што нема да назадува на гридот,ќе стартува од пол-позиција, а Валтери Ботас ќе му прави друштво во првиот ред.