Премиерлига

Хамес Родригез почна да дава голови во Премиерлигата, нова победа за Евертон (ВИДЕО)

Седум гола на Гудисон Парк, Евертон со 5-2 го победи Вест Бромвич, Калверт Луин постигна хет-трик, а деби погодок во Премиерлигата реализираше Хамес Родригез. 

По победата над Тотнем, Евертон денеска освои нови три бода откако со 5-2 го совлада Вест Бромвич.
 
Натпреварот не почна најдобро за тимот на Карло Анчелоти, Диангана во 10. минута постигна гол за водство на ВБА од 1-0.
 
Предноста на гостите траеше до 31. минута кога Калверт Луин погоди за 1-1, а пред крајот на полувремето Хамес Родригез со својот прв гол за Евертон му донесе водство на својот тим од 2-1.
 
Во следната минута глупост направи Гибс кој без топка го удри Родригез по што доби директен црвен картон, ВБА остана со играч помалку но и без тренерот Славен Билиќ кој поради приговор исто така беше пратен на трибини.
 
Но, по само две минути од второто полувреме Переира даде прекрасен гол од слободен удар и изедначи на 2-2.
 
Сепак Евертон брзо се врати во колосек, дефанзивецот Кин најдобро се снајде по една одбиена топка во шеснаесетникот на ВБА и го врати водството на неговиот тим.
 
Потоа за четири минути Калверт Луин постигна два гола за негов хет-трик и конечен резултат од 5-2.

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе