Беше донесен како големо засилување за високи 80 милиони евра

Хамес Родригез од Реал се сели во градскиот ривал Атлетико за симболична сума

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Хамес Родригез конечно ќе се пресели во Атлетико Мадрид, наводно Реал Мадрид прифатил да го продаде фудбалерот за симболична сума помеѓу 10 и 15 милиони евра.

По импресивните партии на мундијалот во Бразил во 2014, Хамес Родригез се пресели во Реал Мадрид во трансфер вреден 75-80 милиони евра. Сепак тој не успеа да блесне на Сантјаго Бернабеу, па две сезони беше на позајмица во Баерн.

Колумбиецот не се снајде ниту во Минхен, па минатото лето се врати во Мадрид. Силно се поврзуваше со трансфер, често се пишуваше за преселба во Атлетико, но договор помеѓу двата клуба не беше постигнат и фудбалерот оваа сезона го носеше „белиот“ дрес.

Сепак, јасно е дека за него нема иднина во Реал и последните информации велат дека тој ќе се пресели на „Ванда Метрополитано“. Ова го пренесе новинарот Педро Пабло Парадо, кој во емизијата „Ел Голазо дел Гол“ откри дека Хамес Родригез ќе настапува под команда на Диего Симеоне.

„Се чини дека Хамес конено ќе го напушти Реал, ќе игра за Атлетико. Ќе биде платена симболична сума помеѓу 10 и 15 милиони евра и на Колумбиецот ќе му се исполни сонот да остане во Мадрид“ – рече Парадо.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе