Фулам беше многу блиску да му откине два бода на Манчестер Сити, но избраниците на Пеп Гвардиола и со играч помалку стигнаа до победа во драматична завршница.
„Граѓаните“ добро го започнаа натпреварот и поведоа со голот на Алварес, но десет минути подоцна Кансело направи пенал и заработи црвен картон а Переира од белата точка изедначи на 1-1.
Гостите потоа одолеваа до самиот финиш но капитулираа длабоко во судиското надополнување, Халанд од пенал во 95. минута донесе 2-1 и привремено го искачи Манчестер Сити на првото место на табелата во Премиерлигата.
На останатите натпревари од 16 часот, Лидс со пресврт стигна до победа од 4-3 против Борнмут, Брајтон со 2-3 славеше кај Вулверхемптон а Нотингем Форест и Брентфорд одиграа 2-2.