Новата ѕвезда не лета во облаци

Халанд прави детална анализа пред да направи трансфер: Не смеам да се преценам

Во интервју за „Еуроспорт Норвешка“, новата фудбалска ѕвезда, Ерлинг Браут Халанд вели дека прави детална анализа пред да направи трансфер. 

Халанд кој се уште е тинејџер, има само 19 години, веќе промени четири клубови во својата сениорска кариера. Почна во Бруне, клубот од неговото детство, но брзо потоа премина во Молде, потоа се пресели во Ред Бул Салцбург каде што се промовираше на голема сцена во Лигата на шампионите, па иако беше баран и од поголеми клубови се реши да направи трансфер во Борусија Дортмунд и не погреши.
 
Нема да биде чудно тој во брзо време да направи и следен трансфер бидејќи Реал Мадрид е сериозно заинтересиран за него. Но Халанд вели дека прави длабока анализа пред да одлучи да се пресели некаде.
 
„Пред да одберете во кој клуб ќе одите, треба да процените колку сте добар, колку е добар клубот, какви се луѓето таму, како ќе се грижат за вас, колку можат да ви помогнат да напредувате....“, открива Халанд кој параметри ги гледа пред да направи трансфер.
 
„Има многу фактори, се сеќавам кога зборувавме за трансфер во Салцбург или во некои други клубови кои беа заинтересирани, многу брзо одлучивме дека Салцбург тогаш беше најдобрата опција. Секогаш мислам дека не смеам да се преценувам. Тоа ми е многу важно. Си велам: „Да, добар сум, но има и многу други фудбалери кои се добри“, многу ми е важно да не мислам дека сум подобар отколку што навистина сум“.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе