Тренерот пред две ипол години сакаше да го донесе во Манчестер јунајтед

Халанд откри каква порака добил од Солшер по трансферот во Манчестер Сити

Ерлинг Халанд откри дека по трансферот во Манчестер Сити добил порака од Оле Гунар Солшер, поранешниот „ѓавол" му посакал среќа во погрешната половина на Манчестер.

Ерлинг Халанд ова лето се реши за нова авантура и преселба во Манчестер Сити во трансфер вреден околу 60 милиони евра.

Напаѓачот пред две ипол години имаше можност да се пресели во Манчестер јунајтед, тогаш „ѓаволите“ предводени од Оле Гунар Солшер доставија понуда, но Норвежанецот реши да ги одбие и да направи трансфер во Борусија Дортмунд.

„Кога потпишав за Сити, Оле Гунар Солшер ми честиташе и ми напиша, „Со среќа во погрешната половина на Манчестер““ – открива сега Ерлинг Халанд, кој играше под водство на Оле Гунар Солшер во Молде.

„Разговараме од време на време. Сите знаат дека тој имаше големо влијание врз мојата кариера кога бев во Молде. Оле е навстина добар човек“.

 

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе