Никој како Норвежанецот во најелитното европско натпреварување

Халанд не запира, два пати го стресе ПСЖ за нова историја во Лигата на шампиони! (ФОТО)

Ерлинг Халанд во моментов е незапирлив, младиот напаѓач два пати го стресе ПСЖ и испиша нова историја во Лигата на шампиони, Норвежанецот стигна до бројката од 10 погодока на само седум меча.

По трансферот во Дортмунд во јануари, Ерлинг Халанд игра во страшна голгетерска форма и собори неколку рекорди во Бундеслигата. Тој погоди на дебито во првенството на Германија, на дебито во Купот на Германија, па очигледно и вечерва не можеше да биде поинаку и погоди на дебито за „милионерите“ во Лигата на шампиони.

И не само тоа, Ерлинг Халанд да пати го стресе ПСЖ, особено атрактивен беше вториог гол кога ја „искина“ мрежата на гостите.

Со овие два гола, тој испиша и нова историја во Лигата на шампиони, сега има 10 погодока во најелитното европско натпреварување и до оваа бројка стигна за само 7 меча, или четири натпревари помалку од било кој друг фудбалер. 

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе