Напаѓачот на Дортмунд следното лето ќе бира каде ќе се пресели

„Халанд ќе се пресели во Премиерлигата, таму се парите“

Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер очекува Ерлинг Халанд да ја продолжи кариерата во Премиерлигата поради економската моќ на клубовите од Англија.

Ерлинг Халанд е мета на гиганти ширум Европа, неговто име често се поврзува со клубови како Манчестер Сити, Манчестер јунајтед, Ливерпул, Челси, ПСЖ, Барселона, Реал Мадрид и Јувентус.

Се верува дека тој по крајот на сезоната ќе направи трансфер, во неговиот договор ќе се активира клаузула од 75 милиони евра (може да порасне и до 90 милиони), сума која нема да биде проблем за најсилните клубови од стартиот континент.

Во разговор со Билд, Арсен Венгер даде свое видување за иднината на Норвежанецот, и очекува Ерлинг Халанд да направи трансфер во Премиерлигата.

„Очекувам тој да се пресели во Премиерлигата. Економската моќ на клубовите од Англија е пресилна. Англискиот фудбал доминира бидејќи таму се парите. Најдобрите играчи секогаш одат таму каде што има најмногу пари“ – вели поранешниот тренер на Арсенал.

 

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе