Лига на шампиони

Халанд ја сруши „својата“ Борусија, пораз на Јуве, само реми за Челси (ВИДЕО)

Манчестер Сити со пресврт ја победи Борусија Дортмунд со 2-1, а победничкиот гол беше дело на Ерлинг Халанд, Јувентус во Торино загуби од Бенфика со 2-1, а Челси одигра само 1-1 против Салцбург. 

Манчестер Сити добро се изнамачи за да дојде до трите бода против Борусија Дортмунд. Ова беше меч на Халанд против својот поранешен клуб.
 
Борусија Дортмунд поведе со гол на Белингем во 56. минута по асистенција од Марко Ројш.
 
Тој резултат беше актуелен се до 80. минута кога Стоунс израмни на 1-1, а само четири минути подоцна Халанд реализираше за комплетен пресврт и победа од 2-1.
 
Јувентус имаше идеален старт на мечот против Бенфика, поведе со гол на Милик уште во четвртата минута, но на крајот загуби.
 
Жоао Марио од пенал во 43. минута изедначи на 1-1, а Нерес по десет минути игра во второто полувреме погоди за победа на Бенфика од 2-1.
 
Грем Потер имаше неуспешно деби за Челси, одигра само 1-1 против Салцбург.
 
Челси поведе со гол на Стерлинг во 48. минута, Окафор на 15 минути до крајот даде гол за израмнување.
 
Лајпциг долго време се држеше на гостувањето кај Реал Мадрид, но кралскиот клуб со голови на Валверде во 80. и Асенсио во 91. минута дојде до победа од 2-0.
 
Наполи со убедливи 3-0 го победи Ренџерс во Глазгов. Елиф Елмас влезе во 90. минута од мечот.
 
Сенс за две минути успеа да добие два жолти картони и да биде исклучен во 55. минута и тоа беше клучниот момент на мечот.
 
Зиелински имаше пенал првиот го промаши, па доби уште една шанса, ударот се пренови, но и овојпат промаши.
 
Сепак Наполи доби уште еден пенал во 68. минута кој го реализираше Политано за водство од 1-0.
 
Во финишот погодија и Распадори и Ндбомбеле за убедлива победа.
 
ПСЖ со 3-1 победи на гостувањето кај Макаби Хаифа. Губеа со 1-0, но по еден гол дадоа Меси, Мбапе и Нејмар за на крајот лесен триумф.
 
Немаше голови на дуелот меѓу ФК Копенхаген и Севиља.
 
Претходно Милан со 3-1 го совлада Динамо Загреб, а Шахтар и Селтик одиграа 1-1.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе