Ѕвездата на Дортмунд стана хит на социјалните мрежи

Халанд го исфрлија од диско, татко му се мајтапи: Врати се во село, градскиот ноќен живот не е за тебе (ВИДЕО)

Ерлинг Халанд стана хит на социјалните мрежи откако беше објавено видео на кое се гледа како ѕвездата на Борусија Дортмунд е исфрлен од диско во Новершка.

Откако заврши сезоната во Бундеслигата, фудбалерите заминаа на одмор, а Ерлинг Халанд се врати во родната Норвешка. Тој викендов стана хит на социјалните мрежи откако се појави видео на кое се гледа како ѕвездата на Борусија Дортмунд беше исфрлен од диско. 

Не јасно е која е причината, но неговиот татко реши да се пошегува и на социјалните мрежи напиша: „Врати се во село, градскиот ноќен живот не е за тебе“. 

Ден претходно, Ерлинг Халанд на социјалните мрежи сподели слика со својот татко во шума на која држи моторна пила и напиша: „Доаѓа зима, мора да се исече некое дрво“.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе