Борусија Дортмунд

Халанд: Борусија Дортмунд ме притиска да донесам одлука, јас сакам само да играм фудбал, но...

Ерлинг Халанд вели дека во наредниот период ќе донесе одлука за својата иднина, клубот го притиска што побрзо да го направи тоа.

Во вчерашната победа од 5-1 над Фрајбург, Халанд даде два гола. Тој постојано се поврзува со заминување во летниот преоден рок и најверојатно ќе го направи тоа.

Напаѓачот синоќа изјави дека Борусија Дортмунд го притиска што побрзо да ја донесе одлуката за да си прават свои планови за наредната сезона.

„Во изминатите шест месеци одлучив да не зборувам ништо за трансфери поради почит кон Дортмунд, но сега клубот почна да ми прави притисок да донесам одлука, а јас се што сакам е да играм фудбал. Но, тие ме притискаат да донесам сега одлука за мојата иднина, па тоа значи дека наскоро ќе треба да ја донесам таа одлука“, вели Халанд.

„Јас сега сакав да бидам фокусиран само на натпреварите бидејќи сме на сред сезона, но изгледа нема да може да биде така, тие ме притискаат и јас морам да донесам одлука сега“.

Дека е тоа така потврди и извршниот директор на Борусија Дортмунд, Вацке. 

„Халанд е спонтана личност. Дозволено му е да го каже тоа што го кажа. Нема проблем со Халанд. Но, тој исто така мора да ја разбере нашата ситуација. Ние не можеме да чекаме до мај за тој да одлучи“, рече Вацке.

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе

Платформата е формирана на 9 мај 2018 година во рамките на проектот на УСАИД, во која се вклучени 4 комори за да се зајакне јавно-приватниот дијалог во процесот на подготовка на донесување закони и други прописи поврзани со работењето на бизнисот.

повеќе