Драма на „Пољуд“

Хајдук срамно елиминиран од анонимната Гзира, навивачи влегоа на терен да ги тепаат играчите (ВИДЕО)

Вистинска драма се случуваше на „Пољуд“, Хајдук од готово направи вересија и срамно е елиминиран од анонимната Гзира со гол во 96. минута, па навивачи влегоа на терен за да се пресметаат со фудбалерите.

Хајдук минатата недела триумфираше со 2-0 на гостувањето во Малта и реваншот вечерва требаше да биде рутина. Домаќините рано поведоа со 1-0 и веројатно многумина веќе тука помислија дека се е готово.

Но Гзира не се предаде и во второто полувреме приреди сензација. Џеферсон и Коне направија пресврт за 25 минути игра во продолжението а шокот се случи во 96. минута кога Коне погоди по втор пат за 3-1 и огромна радост.

По ваквиот расплет на настаните, навивачите од северната трибина, односно популарната група „Торцида“, ја пробија оградата и десетина лица влегоа на терен со намера да се пресметаат со фудбалерите но беа спречени од полицијата и обезбедувањето.

Фото: 24sata.hr

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе