Русинот сподели тајна на ЦР7

Хабиб откри од што најмногу се плаши Кристијано Роналдо

Хабиб Нурмагомедов е добар пријател со Кристијано Роналдо, двајцата често разговараат и ЦР7 му се доверил на Русинот дека се плаши дека неговиот син нема да биде гладен за успех бидејќи има се.

Кристијано Роналдо е голем љубител на боречките вештини, пријател е со неколку борци, и еден од нив е Хабиб Нурмагомедов.

Русинот сега откри дека често разговара со ЦР7 и сподели тајна на Португалецот.

„Разговараме често, речиси секој ден. Кога се сретнавме првиот пат, разговаравме за тоа од каде ја влечеме мотивацијата“ - вели Хабиб.

„Ми кажа дека сака да биде наследен од неговиот син. Кога Кристијано бил дете, сонувал само да има нов пар копачки. Но неговиот син сега има се“.

„Се плаши дека неговиот син нема да го има истот глад за успех, истата волја да биде најдобар. Кога имате се, тешко ви е да најдете вистинска мотивација. Ми се допадна ова што го слушнав“.

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе