Не му простува

Гвардиола: Вокер направи глупост и ја заслужи казната... се уште му се лутам

Пеп Гвардиола вели дека Кајл Вокер заслужил казни од три натпервари суспензија за стартот на дуелот против РБ Лајпциг, тренерот се уште му се лути на десниот бек.

Пеп Гвардиола ќе нема десен бек на располагање за реваншот против Спортинг во Лигата на шампиони, Кансело е повреден а Вокер е суспендиран.

Англичанецот доби три натпревари суспензија за еден непромислен потег на дуелот против РБ Лајпциг, натпревар кој немаше никакво резултатско значење. 

„Ја заслужи казната. Направи глупост и заслужи три натпревари суспензија. Не ми се допадна неговиот потег, се уште му се лутам. Го знае тоа“ - вели тренерот на Манчестер Сити. 

„Кајл е многу важен за нас, видовте како одигра против Манчестер јунајтед?“. 

„Но по она што го направи против РБ Лајпциг, кога имавме обезбедно прво место... ја заслужи казната. Клубот достави жалба бидејќи за слични случаи имаше суспензија од два натпревари, но ја заслужи казната“.

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе