Манчестер Сити обезбеди предност од 1-0 по првиот натпревар против Атлетико Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампиони. На сите им беше јасно дека Диего Симеоне ќе постави цврста одбрана, гостите во еден момент беа со формација 5-5-0.
„Предчуствуваме дека ќе играат со 5-3-2, но во текот на мечот се прилагодија, го поставија Гризман на десното крило а Жоао на левото крило и играа со 5-5-0. Играа со две линии од по пет фудбалери. Во праисторија, денеска па и за 100.000 години, тешко е да се напаѓа 5-5-0 формација. Немаше простор. Се бранеа навистина добро“ – вели Пеп Гвардиола.
„Потребно е трпение, на паузата им кажав на моите момци дека играат добро и не треба да бидат загрижени. Мечот се отвори на стартот од вториот дел и постигнавме гол“.