Тренерот на Сити со критика за дефанзивната игра на Атлетико

Гвардиола: Во праисторија, денес па и за 100.000 години... тешко е да се напаѓа 5-5-0 формација!

Пеп Гвардиола се пожали од пристапот на Атлетико Мадрид на синоќешниот натпревар на Етихад, вели дека е многу тешко кога притивникот игра со 5-5-0 формација.

Манчестер Сити обезбеди предност од 1-0 по првиот натпревар против Атлетико Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампиони. На сите им беше јасно дека Диего Симеоне ќе постави цврста одбрана, гостите во еден момент беа со формација 5-5-0.

„Предчуствуваме дека ќе играат со 5-3-2, но во текот на мечот се прилагодија, го поставија Гризман на десното крило а Жоао на левото крило и играа со 5-5-0. Играа со две линии од по пет фудбалери. Во праисторија, денеска па и за 100.000 години, тешко е да се напаѓа 5-5-0 формација. Немаше простор. Се бранеа навистина добро“ – вели Пеп Гвардиола.

„Потребно е трпение, на паузата им кажав на моите момци дека играат добро и не треба да бидат загрижени. Мечот се отвори на стартот од вториот дел и постигнавме гол“.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе