Шпанецот ќе ја одработи последната година од договорот

Гвардиола со ветување до играчите на Манчестер Сити: Останувам тука, дури и да нè исфрлат во четврта лига!

Медиумите од Англија пренесуваат дека Пеп Гвардиола на фудбалерите им соопштил дека нема да замине од Манчестер Сити, стратегот ветил дека останува дури и клубот да биде исфрлен во четврта лига.

Поради прекршување на правилата за Финансиски фер плеј, УЕФА во петокот го казни Манчестер Сити со забрана за настап во Европа во сезоните 2020/21 и 2021/22, како и парична глоба од 30 милиони евра.

Без настап во Лигата на шампионите, „граѓаните“ ќе останат покуси за стотици милиони, веројатно ќе треба да продаваат за да ги балансираат сметките, а се говореше и дека Пеп Гвардиола ќе замине. Исто така, клубот може да биде санкциониран и од Премиерлигата. Се говори за одземање бодови, губење на титула па дури и исфрлање во четврта лига.

Денеска се појавија неколку стории кои велеа дека Пеп Гвардиола сепак нема да го напушти бродото кој тоне, БиБиСи пренесе дека стратегот на пријателите им се доверил дека останува и без Лигата на шампиони.

Скај Спортс сега открива какво ветување дал Шпанецот на еден од состаноците кои се одржале на Етихад изминатиов викенд.

„Видете, јас останувам тука без разлика на казната. Дури и да нè испратат во четврта лига (Лига 2), јас останувам. Ова се времиња кога треба да останеме обединети“ – им порачал Пеп Гвардиола на играчите.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе