Шпанецот ќе биде презентиран на 14. јуни

Гвардиола се договорил со Јувентус, ќе стане најплатен тренер со 24 милиони евра по сезона

Новинска агенција од Италија пренесува дека Јувентус и Пеп Гвардиола си подале рака, Шпанецот на 4. јуни ќе стави потпис на четиригодишен договор вреден 94 милиони евра.

Пеп Гвардиола ќе го превзеде кормилото на Јувентус и ќе стане најплатениот тренер во светот на фудбалот. Ова го пренесе новинската агенција „Агенција Џорналистика Италија“.

Според овој извор, Шпанецот ќе стави потпис на четиригодишен договор со „Старата дама“ и ќе заработува 24 милиони евра по сезона.

Официјалното соопштение ќе пристигне на 4. јуни а Пеп Гвардиола ќе биде презентиран пред медиумите десет дена подоцна. Фановите на Јувентус веќе смеетаат дека се подготвува нешто големо за 14. јуни откако за овој датум без објаснување одеднаш беа тргнати од продажба билетите за тура на „Алианц“ стадионот и музејот на Јувентус.

Во меѓувреме, новинар на Мундо Депортиво на Твитер напиша дека изворот кој му кажал дека Пеп Гвардиола се сели во Манчестер Сити, сега го известил дека Шпанецот оди во Јувентус.

„Истата личност која ми кажа дека Пеп Гвардиола има договор со Манчестер Сити (месеци пред тој да биде јавен), сега ми пренесе дека стратегот се сели во Јувентус. Тогаш му верував, сега уште повеќе“ – напиша Франсеск Агилар.

Останува да видиме дали ваквите најави ќе се реализираат, синоќа се говореше дека и Маурисио Покетино му кажал ДА на Јувентус.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе