Манчестер Сити

Гвардиола потроши богатство на засилувања, но планира нов ремнот: Критични се неколку позиции

Пеп Гвардиола вели дека на Манчестер Сити му е потребна реконструкција и покрај тоа што е задоволен од квалитетот со кој располага. 

Оваа сезона во Манчестер Сити се почувствува недостатокот од играч како Винсент Компани, неговите лидерски способности му беа потребни на тимот. По оваа сезона Пеп ќе остане и без Давид Силва и Лирој Сане. Серхио Агуеро и Фернандињо влегуваат во последната година од нивните договори.
 
„Да, потребна ни е реконструкција, но не поради недостаток на квалитет, туку поради отсуство на Компани, Силва, Фернандињо и Агуеро имаат уште по една година, не знам дали ќе продолжат или не. Некои фудбалери треба да бидат заменети, но не е трагедија тоа или лоша работа, тоа е дел од фудбалот“, вели Пеп Гвардиола.
 
„Се случува и во други клубови, фудбалерите кои се сметани за знајачни играчи за клубот одлучуваат да заминат. Тие не сакаат да бидат тука и таков беше случајот со Џејдон Санчо и Лирој Сане“.
 
„Како клуб не можеме да направиме ништо. Доколку играчите не сакаат да останат тука тие ќе заминат. Во спротивно не го добиваме најдоброто од нив бидејќи не се среќни тука. Тоа е првата работа, а втората се годините. Но се случува, потребна ни е реконструкција. Треба да го прифатиме тоа и да донесеме вистински одлуки за клубот да го задржи нивото кое го има“.
 
Гвардиола сака пред се да ја засили дефанзивата која се покажа како проблематичен дел оваа сезона. Се шпекулира дека Гвардиола ги сака Давид Алаба од Баерн Минхен и Калиду Кулибали од Наполи. Ќе се обиде да купи и играч од средниот ред и напаѓач.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе