Лига на шампиони

Гвардиола: Победата над Реал не е доволна, сакаме да ја освоиме Лигата на шампионите

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола вели дека ако тие се задоволат со победата над Реал Мадрид ќе покажат дека се мал тим. 

Манчестер Сити преку Реал Мадрид се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите каде што ќе играат против Лион.
 
Пеп Гвардиола цели дека целта на Манчестер Сити е освојување на Лигата на шампионите, а на патот дотаму има големи клубови, па победата над Реал Мадрид треба да се гледа само како една од нив.
 
„Ние сме тука да се обидеме да ја освоиме Лигата на шампионите. Ова е само еден чекор, доколку мислиме дека е доволно што победивме сега, тоа покажува колку сме мали. Доколку сакате да ја освоите ЛШ, треба да победувате големи клубови“, вели Пеп Гвардиола.
 
„Важно е што го победивме Реал Мадрид два пати. Зинедин Зидан никогаш не загубил нокаут меч во Европа. Видовте дека беа одлично подготвени“.
 
„Ние креиравме многу шанси и постигнавме два гола од нивни грешки. Ние се обидувавме да ги натераме да нападнат, но не е лесно против таков тим“.
 
„Во ова натпреварување грешките се казнуваат, ние тоа го знаеме од наше искуство. Повеќе од заслужено одиме понатаму“.

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе