Лига на шампиони

Гвардиола: Ова е тешко, бевме толку блиску до финале

Пеп Гвардиола е крајно разочаран по елиминацијата на Манчестер Сити во полуфиналето од Лигата на шампионите, вели дека не знае како овој пораз ќе се одрази на неговите фудбалери.

Сите го видоа Манчестер Сити во ново финале од Лигата на шампионите кога на сцена стапи Родриго и го однесе мечот во продолженија, а потоа Реал Мадрид победи со 3-1 и против Ливерпул ќе се бори за големиот пехар.

За Пеп Гвардиола ова беше шестиот пораз во полуфинале од Лигата на шампионите, ниту еден друг тренер нема толку.

„Сум имал порази во Лигата на шампионите, имав тешки порази во Барселона кога не успеавме да стигнеме до финале. Но ова беше многу тешко, не можам да го негирам тоа. Бевме толку блиску до финалето од Лигата на шампионите“, вели Гвардиола по мечот.

„Не игравме добро во првото полувреме, не ја најдовме нашата игра. Второто полувреме беше многу подобро и по голот имавме контрола. Ја најдовме нашата игра но за жал немавме добар финиш на шансите. Фудбалерите дадоа се од себе. Бевме многу блиску“.

„Ова ќе има позитивно влијание врз играчите на Реал Мадрид, но за нас навистина не знам. Немавме никаков проблем до пред тие да го дадат првиот гол, но не одигравме најдобро“.

 

Па како што велеле НЕ моите омилени македонски преродбеници од 19 век, и јас ќе кажам НЕ на овој предлог.

повеќе

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе