Стратегот ја одработува последната година од договорот со Сити

Гвардиола одговори на поканата од Фонт за враќање во Барселона

Пеп Гвардиола вели дека е среќен во Манчестер Сити и се надева дека ќе добие нов договор од „граѓаните", Шпанецот ова го изјави по најавата на Виктор Фонт за враќање на стратегот во Барселона.

Барселона ќе добие нов претседател откако Жозеп Мариа Бартомеу и неговиот борд на директори си поднесоа оставка по собраните потписи за недоверба.

Виктор Фонт, кој е главен кандидат, оваа недела истакна дека легендите на клубот треба да се вратат на Камп Ноу и меѓу имињата кои ги наброја го вметна и Пеп Гвардиола.

Па тренерот на Манчестер Сити беше запрашан на оваа тема на денешната прес конференција.

„Многу сум среќен во Манчестер, се надевам дека ќе имам добра сезона и ќе останам тука долги години“ – одговори Пеп Гвардиола.

Шпанецот ја одработува последната година од договорот со Манчестер Сити и во моментов нема конкретни преговори за продолжување на соработката.

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе