Откако го демолираа третолигашот

Гвардиола: Од почит на Бартон му дадовме девет гола!

Манчестер Сити синоќа буквално го прегази третолигашот Бартон победувајќи го со 9-0, а Пеп Гвардиола вели дека тоа го направиле од почит кон противникот.

Пеп Гвардиола извади силен состав против Бартон и му даде девет голови. Манчестер Сити притискаше цело време, ја наполни мрежата на противникот, а сакаше и уште.
 
Некои сметаат дека кога гигант игра со слаб противникот ќе покаже почит ако застане при резултат кој им обезбедува убедлива победа и не го декласира противникот. Но Пеп смета дека обратното е исправно.
 
„Зборувавме на полувремето и одлучивме да продолжиме да играме, да трчаме и да постигнеме повеќе голови. Тоа е најдобар начин да покажеш почит кон натпреварувањето и кон противникот. Доколку водите со 4-0 и не сакате да продолжите да играте на исто ниво, тогаш немате почит кон натпреварувањето и кон вашиот противник“, вели Пеп Гвардиола.

Во услови на партиска деполаризација на граѓаните, политичките елити во Македонија треба да пристапат кон помирување и ненасилно решавање на сите меѓусебни конфликти, за земјата да не се врати на патот на поделба.

повеќе

Помина веќе еден месец од објавувањето на документите на Викиликс на кои сите прочитавме дека Никола Димитров бил „заштитен извор на информации“ на САД. Засега, од обвинителството нема никаков одговор.

повеќе

Неопходно е да се надминат бариерите кои во моментов се присутни во регулаторната, политичката, финансиската и пазарната рамка и кои го кочат напредокот кон обновливите извори на енергија.

повеќе