Премиерлига

Гвардиола не дозволи по трет пат да биде надмудрен од Нуно, десет сезони по ред Сити почнува со победа (ВИДЕО)

Манчестер Сити ја отвори сезоната во Премиерлигата со триумф од 1-3 на гостувањето кај Вулверхемптон, Пеп Гвардиола очигледно ја научи лекцијата и не дозволи трет пат во низа да биде поразен од Нуно Еспирито Санто.

Во последниот натпревар од второто коло во Премиерлигата, Манчестер Сити си замина со три бода од „Молињу“. Вулверхемптон минатата сезона ги доби двете пресметки, но Пеп Гвардиола очигледно ја научи лекцијата и не дозволи по трет пат во низа да биде поразен од Нуно Еспирито Санто.

Резултатот беше отворен во 20. минута, Де Брујне од пенал погоди за 0-1. Десетина минути подоцна, Фоден зголеми на 0-2 по една одлична акција.

Хименез во 78. минута намали на 1-2 со првиот удар во рамките од голот, но тоа беше се што сторија домаќините.

Во последните мигови од мечот, Жесус со помош на еден домашен играч успеа да ја затресе мрежата на Патрисио и ги постави конечните 1-3.

Со овој триумф, „граѓаните“ станаа првиот тим кој десет сезони по ред почнува со победа.

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе