Парите се тајната за успехот на Сити

Гвардиола: Не бев саркастичен, но не правиме ништо поразлично од Манчестер јунајтед, Барса или Реал

Пеп Гвардиола вели дека не бил саркастичен кога кажал дека парите се причината за успехот на Манчестер Сити, вели дека Манчестер јнајтед, Барселона и Реал Мадрид доминирале зошто трошеле повеќе од другите.

„Граѓаните“ имаат серија од 19 победи во сите натпреварувања, па по триумфот против Борусија Менхенгладбах, Пеп Гвардиола беше запрашан која е тајната на успехот.

Шпанецот изненади со одговорот и рече дека имаат многу пари и можат да купат кого сакаат.

Многумина веруваа дека изјавата е саркастична, но Пеп Гвардиола и денеска го повтори истото, парите се причина за успехот.

„За да ги забележиме успесите кои Манчестер Сити ги забележа во последните четири години, многу победи и многу трофеи, морате да имате топ фудбалери. Можете да освоите една титула со просечни фудбалери, но за освоите многу титули, треба да имате топ фудбалери и топ фудбалерите чинат многу пари“ - вели тренерот на Мачестер Сити.

„Па не бев саркастичен, ја кажав само вистината“.

„Кога Манчестер јунајтед победуваше и доминираше, тоа беше така бидејќи трошеше повеќе од ривалите. Истото важи и за Барса и за Реал Мадрид“.

„Мислам дека не правиме ништо поразлично од останатите големи клубови“.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе