Вербална војна меѓу двајцата стратези

Гвардиола: Мурињо можеби е доктор па ја знае состојбата на Стерлинг

Мурињо изрази сомнеж во повредата на Рахим Стерлинг, па сега Пеп Гвардиола го нарече Португалецот доктор. 

Стерлинг поради повреда ги пропушти натпреварите на англиската репрезентација, но ќе игра денеска за Манчестер Сити против Тотнем.
 
Мурињо изрази сомнеж дека повредата на Стерлинг била лажна, за тој да ги прескокне мечевите на Англија и да биде свеж за дуелот со Тотнем.
 
„Мурињо треба да оди кај докторите на националниот тим и оние на Манчестер Сити. Треба да оди кај докторите да праша, освен ако тој можеби не е доктор. Не знам“, вели Гвардиола.
 
„Нема ништо да кажам за Жозе“.
 
„Реков само дека може да ги праша докторите, бидејќи тој обвини за нешто што не е вистина, па треба да зборува со докторите за овие работи“.
 
„Не ме прашувајте, имам речиси 50 години и доволно сум стар за да ги разберам овие работи“.

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе