Примера

Гвардиола му откина два бода на Реал, кикс на „кралевите“ против Ваљадолид (ВИДЕО)

Реал Мадрид киксираше на првиот меч пред своите фанови оваа сезона, Ваљадолид си замина со бод од „Сантијаго Бернабеу" и во финишот се избори за 1-1.

По убедливата победа на гостувањето кај Селта, Реал Мадрид им приреди разочарување на своите фанови. Вечерва на домашен терен, „кралевите“ одиграа само 1-1 против аутсајдерот Ваљадолид. 

Избраниците на Зинедин Зидан долго време се мачеа и резултатот го отворија дури во 82. минута од мечот. Бензема доби една топка на врвот од шеснаестникот, Французинот одлично се намести и мајсторски биеше за 1-0.

Сепак, во 88. минута Серхио Гвардиола го замолкна „Сантијаго Бернабеу“. Напаѓачот на Ваљадолид доби една одлична топка и успеа некако да ја протне под Куртоа за 1-1.

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе