Тренерот одговори на критиките

Гвардиола: Можеби им пречиме на Ливерпул, Јунајтед и Арсенал, но ние сме тука

Пеп Гвардиола распали по оние кои ја критикуваа одлуката на Судот за спортска арбитража, тој смета дека таа е праведна и тие заслужиле да им се укине казната. 

Одлуката на Судот за спортска арбитража во Лозана да ја укине забраната за настап на Манчестер Сити во Лигата на шампионите крена лавина од реакции. Речиси сите освен Манчестер Сити сметаат дека таа е неправедна. Пеп Гвардиола жестоко ја брани.
 
„Жозе и другите тренери треба да знаат, ние бевме оштетени и треба да ни се извинат. Доколку направивме нешто погрешно, ќе ја прифатевме одлуката од УЕФА и Судот за спортска арбитража. Не очекуваме Ливерпул, Тотнем, Арсенал, Челси, Волвс... да застанат во наша одбрана. Но ние можеме да се браниме себеси. Имаме право да се браниме себеси кога веруваме дека не сме направиле ништо погрешно“, вели Гвардиола.
 
„Три независни судии пресудија. Тоа беше добар дел за фудбалот бидејќи ние играме по сите правила како и сите клубови во Европа“.
 
„Ние сме оштетени. Луѓето велат дека сме мамеле и лажат. Немаше презумција на невиност. Ќе биде убаво да прекинат сега, но не верувам“.
 
„На Ливерпул, Јунајтед и особено Арсенал не им е удобно ние да сме тука, во елитата. Но заслужуваме да сме тука. Заслужуваме да бидеме посилни од година во година. Неверојатни луѓе работат во овој клуб, работат да го направат подобар, да ги направат фановите горди. И не треба да побараме дозвола за да бидеме тука“.
 
Гвардиола му одговори и на претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас кој исто така сметаше дека одлуката на Судот за спортска арбитража е неправедна.
 
„Тој, господин Тебас мора да е љубоморен на англискиот фудбал. Тој е неверојатен законодавен експерт од тоа што го гледам, па можеби следниот пат ќе го прашам на кој суд треба да одиме и кои судии да ни судат“.
 
„Тој треба да се грижи за Ла Лига и да се фокусира таму. Ние следната сезона ќе бидеме во Лигата на шампионите господине Тебас, бидејќи работиме според правилата“.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе