Премиерлига

Гвардиола ја доби битката со Тухел, Манчестер Сити го победи Челси (ВИДЕО)

Манчестер Сити со 1-0 победи на гостувањето кај Челси во големото дерби меѓу директните ривали за титулата во Премиерлигата, Габриел Жесус го реши мечот. 

Тухел почна со дефанзивна тактика, со тројца дефанзивни играчи во средниот ред и само двајца офанзивци, Манчестер Сити беше тимот кој се обидуваше да го отвори резултатот, но во првиот дел немаше шанси за гол.
 
Мечот беше отворен во 53. минута кога Габриел Жесус шутираше, топката го удри Жоржињо, го промени правецот и влезе во мрежата на Менди за водство на Сити од 1-0.
 
Во продолжението Челси се отвори обидувајќи се да дојде до израмнување, но Манчестер Сити беше поблиску до втор гол отколку тие до својот прв.
 
Џек Грилиш пропушти две убави шанси за погодок, еднаш не реализираше Габриел Жесус, Тијаго Силва ја исфрли топката од гол линија.
 
На крајот ова беше заслужена победа на Манчестер Сити со која се искачија пред Челси на табелата со ист број на бодови но подобра гол разлика. За Челси ова беше прв пораз оваа сезона.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе