Нека му ја мислат ривалите

Гвардиола има план за уште посилен Манчестер Сити, стратегот со 200 милиони фунти ќе засилува неколку позиции!

Манчестер Сити очигледно нема лесно да биде симнат од тронот, Пеп Гвардила планира летоска да потроши 200 милиони фунти и да донесе засилувања на неколку позиции за уште посилен тим.

„Граѓаните“ две сезони по ред се шампиони на Англија и немаат намера лесно да го препуштат врвот. Медиумите од „островото“ пишуваат дека Пеп Гвардиола планира да потроши 200 милиони фунти за уште посилен тим.

Иако левата бековска позиција се чини дека е најслабата алка поради честите повреди на Бенжамин Менди, Шпанецот како приоритет за засилување има ангажман на нов централен дефанзивец, двајца фудбалери од средниот ред и еден офанзивец.

Матајс де Лихт од Ајакс е опција за засилување на одбраната, Холанѓанецот е желба на неколку клубови и се чини дека Барселона е најблиску до неговиот потпис, па Манчестер Сити разгледува и други алтернативи како Хари Мегваер, се говори дека Пеп Гвардиола е голем фан на фудбалерот од Лестер.

Родри од Атлетико Мадрид е идентификуван како идеално засилување за средниот ред и наследник на Фернандињо, а во случај Илкај Гундоган да замине, шампионот на Англија ќе се обиде да го донесе перспективниот Хусем Ауар од Лион.

Што се однесува до офанзивата, името на Лука Јовиќ од Ајнтрахт е на листата, а „граѓаните“ внимателно го следат и суперталентираниот Жоао Феликс од Бенфика.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе