Ќе бидат дел од Сити и без Лигата на шампиони

Гвардиола им се доверил на пријателите дека нема да го напушти бродот кој тоне, верен останува и Стерлинг

Неколку извори од Англија пренесуваат дека Пеп Гвардиола нема да замине од Манчестер Сити по казната од УЕФА и забраната за настап во Лигата на шампиони, верен ќе остане и Рахим Стерлинг.

Казната која ја добија „граѓаните“ во петокот останува топ тема на „островото“, Манчестер Сити во следните две сезони нема да игра во Лигата на шампионите, односно Европа.

Последиците од оваа одлука можат да бидат огромни, низ медиумите има најразлични стории и се шпекулира дека актуелниот шампион на Англија ќе остане без стотици милиони во приходи, се најавува егзодус на играчи, заминување на Пеп Гвардиола, а казна може да изрече и Премиерлигата, најцрно сценарио е губење на шампионскиот трофеј од сезоната 2013/14.

Но според пишувањата на БиБиСи, Скај Спортс и уште неколку други извори, Пеп Гвардиола решил да не го напушта бродот кој тоне. Наводно стратегот им се доверил на пријателите дека останува и дека ќе го одработи договорот кој му завршува во јуни 2021 година.

Се верува дека Шпанецот има клаузула која му овозможува по крајот на оваа сезона да ја прекине соработката со Манчестер Сити, и се очекуваше дека тој ќе ја активира оваа опција доколку „граѓаните“ не успејат во жалбата до Судот за спортска арбитража.

Сепак, Пеп Гвардиола нема да повлече ваков потег и ќе биде на клупата на Манчестер Сити и без Лигата на шампиони.

Покрај него, верен останува и Рахим Стерлинг. Англичанецот веднаш беше посочен како еден од играчите кои ќе заминат и беше повран со трансфер во Реал Мадрид вреден 180 милиони фунти, но и тој ќе продолжи на Етихад.

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе