Манчестер Сити со водство од 4-3 го почнува утрешниот натпревар против Реал Мадрид на Сантијаго Бернабеу.
„Тоа ќе биде меч меѓу два добри тима кои ги видовме пред една недела. Реал Мадрид е шампион на Шпанија, ние се обидуваме да бидеме шампиони на Англија. Пред една недела реков дека ќе се обидеме да се пласираме во второто финале по ред“, вели Гвардиола.
„Натпреварот кој помина е во минатото. Ова е дуел од 180 минути и ние ќе се обидеме да бидеме подобри во дефанзивата од првиот меч. Сите момци се подготвени за добар натпревар“.
„Првиот меч беше еден убав и отворен натпревар, двата тима постигнаа вкупно седум голови. Можевме да имаме подобар резултат, но и полош. Како и да е, секогаш имавме на ум дека има два натпревари“.
„Веројатно треба да бидеме подобри од првиот меч, но можеме да бидеме и многу полоши отколку што одигравме па да победиме. Никој не знае што ќе биде. Понекогаш го добивате тоа што не го заслужувате, а понекогаш не го добивате тоа што го заслужувате. Ние треба да одиграме добро и да го добиеме натпреварот“.