На потег е раководството на „граѓаните“

Гвардиола го условува новиот договор, бара три засилувања за да продолжи со Манчестер Сити

Иднината на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити е поврзана со настапот на трансфер пазарот, Шпанецот бара да бидат донесени три засилувања пред тој да донесе одлука за продолжување на авантурата.

Изминатиов период често има гласини за иднината на Пеп Гвардиола, кој е обврзан кон „граѓаните“ до 2021. Се говореше дека има тајна клаузула во неговиот договор која му овозможува да замине летото во 2020, но самиот стратег го негираше ова.

Последните информации велат дека Шпанецот сака раководството на Манчестер Сити да го одврзе ќестото пред тој да донесе одлука за продолжување на авантурата. Наводно Пеп Гвардиола бара да биде донесен нов централен дефанзивец, нов лев бек и нов напаѓач.

Стратегот ќе бара и нов човек за неговиот тренерски персонал со оглед на тоа дека Микел Артета е на чекор до Арсенал, и оваа мини реконструкција на тимот ќе треба да се спроведе летоска.

Се очекува Родолфо Борељ сега за сега да ја превземе улогата на Микел Артета и да биде промовиран во десна рака на Пеп Гвардиола, секако под услов да не се пресели на Емирати заедно со својот сонародник.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе