Тренерот на Сити сака Лео да ја заврши кариерата на Камп Ноу

Гвардиола го советувал Меси: Остани во Барселона!

Според пишувањата на Мундо Депортиво, Пеп Гвардиола го советувал Лео Меси да остане во Барселона и да ја заврши кариерата на Камп Ноу.

Пред да испрати итен допис до Барселона и да побара да замине беспари, Лео Меси имал телефонски разговор со Пеп Гвардиола. Аргентинецот го известил поранешниот тренер за желбата да го напушти Камп Ноу и се распрашувал за можноста да направи трансфер во Манчестер Сити.

Според пишувањата на Мундо Депортиво, при тој разговор, Пеп Гвардиола го советувал дека е најдобро да остане во Барселона поради економските потешкотии на зделката и да ја заврши кариерата на Камп Ноу. Ова е во склоп на изјавите кои стратегот ги даваше во минатото, кога велеше дека сака Лео Меси да се пензионира во дресот на „каталонците“.

Пеп Гвардиола изминативе денови беше во Барселона, синоќа се врати во Манчестер, но нема информации дали лице во лице се сретнал со Лео Меси.

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе