Потегот на Шпанецот 10 години важеше за една од најубавите асистенции

Гути му честиташе на Бензема и потсети дека напаѓачот ја кoпирал неговата фамозна петица (ВИДЕО)

Легендата на Реал Мадрид, Хозе Мариа Гутиерез му честиташе на Бензема за магичната асистенција против Еспањол и потсети дека напаѓачот ја копирал неговата фамозна петица од пред десет години.

„Кралевите“ синоќа со 0-1 триумфираа над Еспањол и се одлепија на +2 во однос на Барселона, но сите зборуваат за потегот на Карим Бензема. Напаѓачот имаше магична асистенција, без да гледа, со пета му ја протна топката на низ нозе на противникот и му намести гол на Касемиро.

Пристигнуваа честитки од сите страни, а на социјалните мрежи се огласи и легендата на Реал Мадрид, Хосе Мариа Гутиерез.

„Бензема, каква магија другар. Брутално“ – напиша популарниот Гути и во исто време потсети дека Французинот ја копирал неговата фамозна петица од пред десет години.

Во јануари 2010, Реал Мадрид гостуваше кај Депортиво, Гути се најде во гол шанса но наместо да шутира, се реши за мангупски потег, со пета остави Бензема да ја затресе празната мрежа. Потегот на Шпанецот важеше за една од најубавите аситенции, но сега и Французинот влегува во оваа конкуренција.

 

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе