Французинот на чекор до Камп Ноу

Гризман уште во ноември почнал да преговара со Барса, во март веќе ставил потпис на договор!

Очигледно само прашање на време е трансферот на Антоан Гризман на Камп Ноу, медиумите од Шпанија пренесуваат дека напаѓачот на Атлетико уште во ноември минатата година почнал да преговара а во март си подал рака со Барса.

Французинот на почетокот од овој месец соопшти дека заминува од Атлетико Мадрид и веднаш Барселона беше посочена како негова дестинација.

Но потоа ваквиот трансфер беше ставен под знак прашалник, наводно соблекувалната на Барса се противела на пристигнувањето на Антоан Гризман и ставила вето, а до играчот пристигнаа уште неколку понуди.

Во емисијата „Ел Ларгеро“ на Кадена СЕР синоќа беше објавено дека напаѓачот уште во ноември минатата година почнал да преговара за преселба на Камп Ноу а во март ставил потпис на договорот. За ова дури има и докази кои ќе бидат објавени во иднина.

Ова може да ја искомпликува зделката доколку Атлетико реши да се жали до ФИФА, бидејќи строго е забрането да се преговара со играч кој е под договор, а камо ли да се потишат некакви документи.

Во меѓувреме, Мундо Депортиво исто така најави дека Барселона ќе го купи Антоан Гризман, но за ова ќе мора да се почека до 1. јули, кога неговата откупна клаузула ќе падне од 200 на 120 милиони евра.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе