Примера

Гризман со два гола донесе три бода за Барса од гостувањето кај Виљареал (ВИДЕО)

Барселона дојде до победа од 2-1 на тешкото гостување кај Виљареал, херој на оваа победа за каталонците беше Гризман. 

Домаќините добро го почнаа мечот, во 26. минута со гол на Чукуезе дојдоа до предност од 1-0.
 
Но радоста на Виљареал не траеше долго, само две минути подоцна Гризман израмни на 1-1, а во 35. минута Французинот постигна уште еден гол за победа од 2-1.
 
Барселона има 71 бод колку што има и Реал Мадрид, но кралскиот клуб има меч повеќе. Прв е Атлетико Мадрид со 73, тие вечерва му гостуваат на Атлетик Билбао.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе