Ништо од најавениот трансфер во Барселона

Гризман сними цел документарец за на крајот да каже: Останувам во Атлетико!

Антоан Гризман на нобичен начин реши да открие дали ќе продолжи во Атлетико или ќе замине во Барселона, Французинот сними цел документарец за на крајот да каже дека останува во Мадрид

За иднината на Французинот се пишува со месеци, имаше најави дека веќе се договорил со Барселона и ќе се пресели на Камп Ноу во зделка вредна 100 милиони евра. Но како одминуваше времето, изостануваше официјална информација за ваков трансфер, па се посилно се говореше за негово останување.

Антоан Гризман најави дека ќе го открие името на новиот клуб пред почетокот на мундијалот и откако умешно ги избегнуваше новинарските прашања изминативе денови, тој вечерва на необичен начин ја соопшти иднината. На крајот од документарниот филм кој беше пуштен во етер верчва, напаѓачот рече: „Одлучив да останам“.

Веднаш потоа Антоан Гризман се огласи и на социјалните мрежи каде напиша: „Моите фанови, мојот тим, МОЈОТ ДОМ!!! Атлетико Мадрид“.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе