Барселона

Гризман се предомислува, сака да си оди од Атлетико, Барса може да го купи на попуст

Реномираниот француски весник Лекип вечерва пренесе дека Антоан Гризман ја преиспитува својата иднина во Атлетико Мадрид, Барселона веќе стапила во контакт со луѓето од кампот на Французинот.

Напаѓачот минатото лето беше на мета на „каталонците“, долго време се говореше дека тој е пред преселба на Камп Ноу, но Антоан Гризман на крајот реши да остане верен на Атлетико и стави потпис на нов договор според кој доби плата од околу 20 милиони евра годишно.

Тој дури направи цел документарен филм за тоа што му минувало низ глава, а лидерите на Барса беа разочарани и бесни на фактот што Жерард Пике имаше замешано прсти во снимањето.

Но Французинот сега ја преиспитува сојата одлука да остане на „Ванда Метрополитано“ по елиминацијата од Јувентус во осминафиналето од Лигата на шампионите. Реномираниот француски весник Лекип вечерва пренесе дека преставници на Барселона веќе стапиле во контакт со кампот на Антоан Гризман и го известиле дека се уште се заинтересирани за неговите услуги.

Напаѓачот е подготвен да слушне што има да понуди Барселона и е привлечен од идеата да заигра крај Лео Меси.

Aнтоан Гризман има откупна клаузула од 200 милиони евра, но според Лекип, Барса може да го добие на попуст бидејќи во договорот има член според кој му овозможува на играчот да направи трансфер за 120 милиони евра доколку откупната клаузула биде активирана пред јуни 2019.

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе

Денес, кандидати за политички функции се луѓето. Утре, тоа ќе го прават интелигентни машини. И, тие може и ќе победуваат, како што расте незадоволството на граѓаните од човечките политичари.

повеќе

Еден од начините на промовирање подобри меѓуетнички односи помеѓу децата е овозможување подолготраен контакт помеѓу нив што ќе овозможи создавање значајни индивидуални врски помеѓу децата.

повеќе